Помпео изнесе сериозни обвиненија против шефот на СЗО, тврди дека го купила Кина

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео на британските пратеници им рече дека претседателот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус е „купен” од кинеската влада, се вели во известувањето од средата.

Помпео на затворениот состанок на поканети пратеници во вторникот им кажал дека своите обвинувања ги темели врз „цврсти разузнавачки основи“, без да наведе детали, јавуваат Тајмс и други медиуми.

Весникот цитира „повеќе извори“ кои присуствувале на настанот одржан во Лондон во организација од десничарскиот истражувачки центар за надворешна политика Хенри Џексон сосајати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот