Помош од 500 милиони евра за шпанските екипи

Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ) одлучи да им помогне на екипите кои се натпреваруваат во шпанските лиги.

РФЕФ одлучи да им помогне на фудбалските екипи кои поради пандемијата на коронавирусот западнаа во финансиски проблеми, а одредени екипи може и да банкротираат.

Поради тоа РФЕФ е подготвена да потроши 500 милиони евра за помош на шпанските екипи.

Парите ќе бидат наменети за екипите кои не се во можност да заработуваат од продажба на ТВ правата бидејќи веќе одреден период сите натпреварувања се суспендирани. Рокот за отплата на долгот ќе биде пет години.

РФЕФ има издвоено и дополнителни четири милиони евра и за машките и женските аматерски екипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот