фото: EPA/Waldemar Deska

Полскиот Ракув бара од УЕФА да го исклучи израелскиот Макаби Хаифа од европските турнири

Полскиот фудбалски клуб Ракув побара од УЕФА да го исклучи Макаби Хаифа од Израел од европските клупски натпреварувања во сезоната 2026/27, откако тие истакнаа политички транспарент за време на реваншот од третото квалификациско коло во Конференциската лига во Дебрецен, Унгарија.

На транспарентот пишуваше: „Убијци од 1939 година“. Ракув победи со 2:0, а во првиот натпревар дома загуби со 1:0, па така се пласираше во плејофот во кој ќе се сретне против Арда од Бугарија.

– Во врска со скандалозните инциденти во кои беа вклучени навивачите на Макаби Хаифа за време на натпреварот во четврток во Дебрецен, поднесовме официјална жалба до УЕФА, барајќи, меѓу другото, израелскиот клуб да биде исклучен од европските натпреварувања следната сезона поради повторени прекршувања на правилата на федерацијата – објавија од полскиот клуб.

Дисциплинската комисија на УЕФА претходно отвори истрага за Макаби и Ракув. Израелците би можеле да бидат казнети и за неприфатливото однесување на тимот, а Полјаците за употребата на пиротехнички средства од страна на навивачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот