Полска сака да ги забрани ГМО во добиточната храна

Полско знаме/ фото: МИА

Додека во Европската унија, ГМО се дозволени во производството на добиточна храна, Полска е првата земја која има намера да ја прекине оваа практика на живинарските фарми.

Оваа промена треба да стапи во сила од јануари следната година, но производителите на месо се противат на намерата и бараат таа да се напушти бидејќи таквата транзиција ќе доведе до зголемување на трошоците, поради што многу компании би можеле да го прекинат производството. Инаку, и пред пет години на европскиот пазар беа регистрирани повеќе од 50 ГМО производи кои можат да се користат во добиточна храна, пренесува Политика рс. Во јули минатата година Европската комисија одобри употреба на генетски модифицирана пченка за храна и добиточна храна, која ќе важи десет години.

Полските производители сега предупредуваат на огромни загуби кои таквата одлука може да ги предизвика, пренесува порталот „Ол Абаут Фид“, потсетувајќи дека полската влада во ноември минатата година усвои измени на Законот за храна за животни, според кои производството, маркетингот и употребата сточната храна која содржи ГМО да биде забранета, без преоден период. Живинарскиот сектор, како што се предвидува, би можел да биде во голема неволја бидејќи нема соодветна замена за ГМ оброк од соја.

Храната сочинува околу 70 отсто од трошоците во производството на живина. Според аналитичарите, оваа одлука може да биде опасност за целиот европски пазар, бидејќи Полска е најголемиот извозник на пилешко месо. Таа продава 50 отсто од своето производство на други пазари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот