Полска компанија го купи последниот од некогашните државни загубари – прилепски „Еурокомпозит“

За 4 милиони и 200 000 евра се продаде прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ кој е и последен на листата на загубари во земјава. Како инвеститори се јавија полска фирма „FHR ARMORL LOGISTIKS Sp z.o.o. и македонска компанија, „Футура мода Д&А ДООЕЛ – Скопје“. „Еурокомпозит“ со неизвесна судбина беше 15-тина години, а од 2021 година во стечај.

„Еурокомпозит“ со неизвесна судбина беше 15-тина години, а од 2021 година во стечај. Стечајната судијка во прилепскиот суд, Јасмина Шишковска, го прифати планот на компаниите за реорганизација на „Еурокомпозит“ со што конечно е продадена наменската фабрика. Првата рата доверителите веќе ја добиле.

– Сумата од 4 милиони и 200 000 евра е всушност 65 проценти од вкупните побарувања на доверителите. Тие се согласија со понудената сума и со планот за реорганизација на фабриката. Инвеститорот парите ќе ги уплаќа на 4 рати на крајот на секоја наредна година. Првата рата од еден милион евра веќе им е исплатена на доверителите кон крајот на декември. До целосно исплаќање на парите, новите инвеститори се корисници, а тогаш ќе бидат и целосни сопственици на фабриката, објаснува судијката Шишковска.

Меѓу доверителите се „Стопанска банка-Битола“, на која ѝ се должеше најмногу зашто имотот беше под хипотека во банката, потоа УЈП, МВР, Министерството за одбрана, а доверители се и поранешните вработени кон кои фабриката имаше недоисплатени обврски.

Според планот, во обновеното производство ќе се ангажираат од 150 до 200 работници. Веќе се преземени и првите чекори со промени на инсталации во фабриката. Поранешните вработени се малку скептични, но ќе се чека на рестартирањето.

– Фабриката не е баш во многу добра состојба сега. Откако отиде во стечај, многу работи, велат, ги нема. Наводно, новите сопственици почнале да ја менуваат инсталацијата на водата, струјата, има веќе и ангажирани наши поранешни вработени. Неофицијално се говори дека ќе се произведуваат панцири, шлемови, а и дронови. Но, времето ќе покаже како ќе се одвиваат работите и како конечно ќе заживее овој некогашен гигант во наменската индустрија, едиствен во Македонија, вели поранешниот вработен во „Еурокомпозит“, Цветан Бунтески.

Крадци ја ограбиле поранешната фабрика „Еурокомпозит“ во Прилеп, однеле електромотори и кабли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот