Полска ја обвини Русија за падот на воен дрон на истокот од земјата
Пoлскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски реагираше на синоќешниот инцидент, кога воен дрон се урна во источна Полска, а министерот за одбрана тврди дека станува збор за дрон од руско потекло.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што објави на социјалната мрежа X, тоа е „уште едно нарушување на нашиот воздушен простор од исток“ што, според него, потврдува дека најважната мисија на Полска во рамките на НАТО е одбраната на сопствената територија.
Kolejne naruszenie naszej przestrzeni powietrznej ze Wschodu potwierdza, że najważniejszą misją Polski wobec NATO jest obrona naszego własnego terytorium.
Będzie protest MSZ wobec sprawcy.— Radosław Sikorski 🇵🇱🇪🇺 (@sikorskiradek) August 20, 2025
Сикорски рече дека ќе биде поднесен официјален протест „против сторителите“, без да ја именува земјата за која се верува дека стои зад инцидентот.
„Дронот е од руско потекло“
Полскиот вицепремиер и министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш потврди дека сега се верува дека дронот што експлодираше синоќа во Полска потекнува од Русија, објавува Гардијан.
„Русија повторно ги провоцира земјите од НАТО по инцидентите со беспилотни летала што се случија во Романија, Литванија и Латвија“, рече тој.
Инаку како што пишуваат регионалните медиуми ова се случува во особено важен момент, додека траат мировните преговори. Се случува во време кога постои надеж дека војната што ја започна Русија – војна против украинската држава, но и војна што ја загрозува безбедноста на земјите од НАТО – има шанса да заврши“.
Пад на дрон
За потсетување синоќа неидентификуван предмет падна на поле со пченка во градот Осини во округот Луков, во полскиот регион Лубелшчизна, а полицијата на самото место пронашла изгорени метални и пластични остатоци.
Полицијата добила пријава за експлозијата во 2:22 часот наутро. ,
„Пронајдовме место во поле со пченка каде што можеше да се случи експлозија на непознат предмет. Пронајдовме изгорени делови со различни големини, расфрлани во радиус од неколку десетици метри“, изјави Марчин Јозвик, портпарол на полицијата од Луков, за TVN24.
🇵🇱 Na území Lublinského vojvodství došlo k pádu neznámého objektu, který explodoval v okrese Łuków na východě Polska. Podle předběžných informací při incidentu nikdo neutrpěl zranění.
📹 Na sociálních sítích se nyní objevilo video z kamerového systému – záběry pocházejí z polské… pic.twitter.com/LnXHxuV3AO
— neČT24 (@42TCen) August 20, 2025
Експлозијата беше толку силна што прозорците на три блиски куќи беа скршени. За среќа, никој не беше повреден.
Воен дрон
Според извештаите, прелиминарната истрага покажа дека објектот што паднал и експлодирал на поле со пченка во источна Полска бил воен дрон, објави денес полскиот обвинител.
„Испитувањето на експлозијата покажува дека објектот е многу веројатно воен дрон“, рече регионалниот обвинител на Лублин, Гжегож Трусиевич, додавајќи дека леталото веројатно било оштетено од експлозиви.


