Полска играше храбро, но Франција не дозволи изненадување на стартот од СП

Фото: EPA-EFE/Zbigniew Meissner T

Со натпреварот помеѓу Франција и домаќинот Полска денес беше отворено Светското првенство. Полјаците пружија солиден отпор на фаворизираниот противник, но на крајот Французите славеа победа со 26:24.

„Триколорите“ беа подобриот противник во поголемиот дел од натпреварот, меѓутоа натпреварот го одлучија во последните минути кога стигнаа до три гола предност.

Полска на стартот со една мини-серија дојде до предност, но Франција одговори со серија од 4:0. И во продолжение од полувремето гледавме натпревар со по неколку серии на двете страни. На пауза се Франција замина со еден гол предност (14:13).

Резултатска неизвесност гледавме и во второто полувреме, долго време се играш „гол за гол“. Франција во последните три ипол минути поведе со 25:22 и така го приведе натпреварот кон крајот во своја корист.

Најефикасен кај Франција беше Мем со шест гола, додека Шичко кај Полјаците постигна седум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот