Полјак „златен“ во спорт кој нема да биде на следните Олимписки игри

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Давид Томала (31) од Полска ја освои титулата олимписки шампион во брзо одење на 50 километри на трката одржана во Сапоро на северниот јапонски остров Хокаидо.

За Томала ова беше само втора трка на оваа дистанца, на која неодамна се префрли од 20 километри затоа што „бараше нов предизвик“.

Стигна до златото со 36 секунди предност пред второпласираниот, Германецот Џонатан Хилберт, додека бронзата ја освои Канаѓанецот Еван Данфи со 51 секунда зад Полјакот.

Трката во брзо одење на 50 километри беше на програмата на сите Олимписки игри од Лос Анџелес 1932 година, освен во Монтреал 1976 година.

Томала би можел да биде последниот олимписки победник во овој спорт, бидејќи оваа дисциплина е исклучена од програмата за следните Игри во Париз во 2024 година, и не е сигурно дали ќе биде вратена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот