Полицијата го истражува случајот: 14-годишно девојче уби активист за права на животни

Фото: Принтскрин/ The Cat Rescuers

Американската полиција уапси и обвини за убиство 14-годишно девојче откако таа наводно прво врзала и потоа убила 59-годишен маж од Филаделфија, познат по својот активизам и труд за спасување на животни, пренесе „Индекс“.

Локалната полиција информираше дека на 5 ноември примила дојава за маж кој се наоѓа во неволја. Кога влегле во куќата на Алберт Черноф, надлежните го затекнале делумно врзан за кревет со рана на главата и со модрици на прстите. Прогласен е за мртов на местото на настанот.

„Черноф не е во потполност невин“

На снимките од надзорните камери може да се забележи како млада женска личност излегува од неговиот дом. набрзо во полициската станица стигнала 14-годишна девојка со својата мајка и двајца правници за сама да се пријави. Уапсена на е 8 ноември, а прелимираното рочиште е закажано за 27 овој месец.

Портпаролката на окружниот обвинител во Филаделфија Џејн Рох изјави дека се уште не е одлучено дали постпката ќе се продолжи во судот за малолетници или за возрасни.

Еден од адвокатите на девојчето, Хауард Телјор, за Си-Ен-Ен изјави дека девојката во моментов се наоѓа во малолетнички притвор.

На прашањето дали така постапила бидејќи била жртва, Тејлор рекол дека „засега нема да зборува за тоа“, но додал дека „Церноф не е во потполност невин“.

Алберт Черноф беше познат по борбата за спасување на животните во Филаделфија. Во спомен на неговата смрт, активистите на социјалните мрежи го спорелуваа документарниот филм „Спасители на мачките“ и ја фалеа неговата „топлина и љубов кон животните“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот