Полицијата го евакуираше средното уметничко училиште во Скопје

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Средното уметничко училиште „Лазар Личеновски” во Скопје е евакуаирано изутринава.

Учениците и наставниците се изведени надвор од објектот, а на паркингот се пристигнати екипи на полицијата, кои не дозволуваат пристап до училишната зграда.

Слободен печат дознава дека полицијата им наредила на вработените и учениците да го напуштат објектот, каде во моментот се врши увид.

Засега нема официјални информации кои се причините за евакуацијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот