Фото: илустрација / МИА / архива

Полицијата и граѓани цела ноќ трагаа по исчезнат човек во Гостиварско, пронајден е мртов

Тажен крај имаше деветчасовната потрага на полицијата и бројни граѓани по 63-годишен човек од гостиварското село Форино, откако рано утрово тој бил пронајден мртов во атарот на селота Врапчиште.

Роднини на исчезнатиот синоќа околу 21:30 часот пријавиле во гостиварскта полиција дека тој ден човекот не се вратил дома и дека не можат да го најдат. Тој работел како овчар на бачило во околината на Врапчиште.

Веднаш по пријавата започнала потрага на терен, во која биле вклучени полицајци, како и пожарникари од Гостивар. По речиси девет часа, утрово околу 6 часот човекот бил пронајден без знаци на живот, во близина на пат кој го градат приватни фирми во атарот на Врапчиште.

Лекар ја констатирал смртта, а увид извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар. Телото е дадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта, велат од полицијата.

Жена му однела јајца со кокаин и марихуана на сопругот во затворот Идризово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот