Полицијата го фати возачот што синоќа дивееше кај „Џевахир“ и собираше контејнери и автомобили со своето БМВ

Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека го расчистило инцидентот кој се случи синоќа во близина на кулите „Џевахир“ во Скопје. Возач од Турција направил хаос и со својот автомобил „БМВ 5“ удрил во неколку контејнери и паркирано возило „алфа ромео“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 22-годишниот М.А.А., кој имал привремен престој во Скопје, по несреќата избегал од местото, но полицијата брзо го пронашла и привела. Нема повредени како резултат на небезбедното управување на моторното возило.
МВР соопшти дека несреќата се случила синоќа околу 22 часот и 50 минути на сервисната улица Матеја Матевски. Полицијата веднаш реагирала и по преземени мерки го лоцирала возачот на неколку стотини метри од местото на ударот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот