фото: скриншот/Фејсбук

Полиција во опрема за разбивање на протестот во Белград го исполни „Ќациленд“

Голем протест организиран од студенти кои го блокираа факултетот на Универзитетот во Белград започна вечерва на плоштадот „Славија“ во 18:20 часот, додека во исто време засилени полициски сили можат да се видат во неколку делови од центарот на градот. Според извештаите од терен, голем број полицајци пристигнале во Пионерскиот парки, познат и како таканаречен „Ќациленд“, а некои од нив биле распоредени пред градското собрание, додека некои влегле во самиот парк, објави Н1.рс.

Граѓани и студенти од цела Србија пристигнааво Белград во текот на денот и се собраа на неколку локации. Конвоите тргнаа кон „Славија“ во 16 часот, а централниот собир бше најавен за 18 часот, иако собирот почна дваесет минути подоцна.

Говорниците на студентскиот собир денеска уште еднаш побараа од претставниците на владата да распишат избори и го повикаа обвинителството да ги гони сите вмешани во криминал и корупција.

Голем број припадници на српското МВР се распоредени кај „Ќациленд“ и на просторот пред градското собрание. Има полицајци во полна опрема за разбивање на демонстрациите.

Овој развој на ситуацијата дополнително го зголеми вниманието на јавноста, со оглед на тоа што протестот на „Славија“ се одржува со истовремено движење на граѓаните кон други делови од центарот на градот.

Токму поради неколку колони што се движеа од различни насоки кон „Славија“, централното градско подрачје во текот на денот беше под зголемен надзор, додека студентскиот протест и придружните собири привлекоа големо внимание од јавноста и од медиумите.

Српскиот студент Стојановиќ ексклузивно за „Слободен печат“: Луѓето мислат дека се откажуваме, но ние го менуваме фокусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот