Полицаецот што уби момче во Тирана осуден на 10 години затвор

Тирана протести за убиството на младиот Клодјан Раша/ Фото: EPA

Судот во Тирана денеска осуди поранешен полицаец на десет години затвор за убиство на младо момче за време на патрола во време на полицискиот час, воведен поради пандемијата на коронавирусот иако обвнителството бараше двојно повисока казна.

Судот во Тирана го осуди Невалдо Хајдарај, поранешен припадник на албанската специјална единица „Шќипоња”, за „убиство со пречекурување на самоодбрана” на 8 декември 2020 година.

Тој беше осуден за убиство на 25-годишниот Клаудијан Раша за време на полицискиот час во населбата „Лапрак” во Тирана. Полицијата тогаш изјави дека Раша бегал и ги игнорирал повиците на полицијата да застане.

Хајдарај беше отпуштен од полицијата откако смртта на Раша предизвика една недела насилни протести, чии учесници ја прекршија забраната за јавни собири.

Протестите доведоа до оставка на министерот за полиција, Сандер Лешај, кој оставката ја обрзложи од морални причини.

На денешното, последно рочиште Хајдарај не зборуваше но неговиот адвокат побара извинување од семејството Раша.

Таткото на убиеното момче, Ќазим Раша, изјави дека ќе се обрати на повисоките судски инстанци за да побара правда за синот кој, како што рече,откако го убила полицијата, се обидела го прикаже како криминалец.

Семејството Раша: Она што го гледаме по загубата на нашиот син не нè теши, туку само ја продлабочува нашата длабока рана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот