Семејството Раша: Она што го гледаме по загубата на нашиот син не нè теши, туку само ја продлабочува нашата длабока рана

Четири дена по загубата на нивниот син, семејството на Клодјан Раша повика на смиреност преку отворено писмо во кое се бара нивната болка да не се продлабочува со други неправди.

„Ги замолуваме сите млади заробени од политичките инаетења да не бидат изманипулирани од политиката”, вака почнува писмото кое, како што се наведува, е за сите Албанци.

-Вчера со големо жалење видовме полицаец повреден во окото и чувствуваме болка за неговите родители. Она што го гледаме по загубата на нашиот син не нè теши, туку тоа само ја продлабочува нашата длабока рана, пишува семејството Раша во писмото до албанската јавност, пренесува Топ чанел телевизија.

Нашиот син, стои понатаму во писмото, беше убиен од полицаец и за тоа бараат правда до крај.

-Но, немирите во име на синот и повредување на синовите на други мајки, кои и служат на државата во полицијата не донесуваат правда, туку само други неправди, порачува семејството Раша.

Поради убиството на момчето илјадници луѓе, пред се млади, учествуваат во протестите, кои се карактеризираат со насилство, уништување на државен имот, повредени повеќе од 20 полицајци и неколку граѓани, приведени околу 200 учесници,притворени триесеттина а повеќе од педесет малолетници ќе се бранат од слобода.

Вечерашниот протест, четврти по ред, кој почна нешто по 18:30 часот засега минува, само со марширање на групи граѓани и со фрлање по некоjа петарда. Видно е присуството на полициски сили. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот