Фото: Архива на „Слободен печат“

Полицаец кој работел како обезбедување во Собранието возел БМВ без положен возачки испит

Полицаец вработен во службата за обезбедување во Собранието е фатен како вози БМВ во центарот на Скопје, а немал положено возачки испит. Против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство против полицаецот А.Б. заради безобѕирно управување со моторно возило.

-Пријавениот А.Б., полициски службеник во Одделението за обезбедување на Собрание на РСМ, Сектор за обезбедување на објекти од државен интерес при Оддел за заштита на определени личности и објекти, на 12.02.2026 на ул.„11 Октомври“ во Скопје управувал негово лично патничко моторно возило „бмв“ без положен возачки испит, односно без возачка дозвола, кое по наредба на јавен обвинител е одземено. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против А.Б. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност – информираат од МВР.

Пред една недела исто така беше фатен полицаец кој возел без положен возачки испит. Му беше одземено службеното оружје и ќе биде упатен на психијатриски и психолошки преглед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот