„Пол е горд и среќен“: Се омажи ќерката на Пол Вокер, до олтарот ја одведе Вин Дизел
Актерот Вин Дизел беше дел од свадбениот ден на Медоу Вокер и ја одведе до олтарот наместо нејзиниот татко Пол Вокер кој пред осум години почина во страшна несреќа.
Вин Дизел и Пол беа најдобри пријатели. Медоу на својот инстаграм-профил објави видео и фотографии од прекрасната венчавка. Нејзината објава ги растажи бројните обожаватели на филмот „Брзи и бесни“.
View this post on Instagram
„Ова е толку емотивно. Тоа што Вин те води до олтарот ме расплака“, напиша еден од нејзините следбеници под објавата. „Пол е горд и многу среќен“, беше друг коментар.
Да потсетиме, Медоу Вокер имаше 14 години кога го изгуби нејзиниот татко. Тоа беше за време на снимањето на седмиот дел од франшизата, а филмот беше завршен со помош на неговите браќа Коди и Кејлеб и со употреба на специјална технологија.
View this post on Instagram
„Кога се случи трагедијата во 2013 година, го прекинавме снимањето на филмот пет месеци“, рече Вин и објасни дека филмското студио ја прифатило нивната одлука ликот на Пол Вокер да се појави како дел од митологијата: „Сепак, заедно ја започнавме оваа франшиза, со која започна нашето братство. Нашето братство ќе ја надживее оваа франшиза“, истакна тој.
View this post on Instagram
Дизел е кум на Медоу
„Немам пријатели, имам семејство“, во една прилика рече Дизел.
Кога се прошири веста за смртта на Пол Вокер, Вин Дизел веднаш се упатил кон местото на несреќата. Тој бил таму скоро цела ноќ. Го загуби својот брат.
View this post on Instagram
Тие биле толку блиски што Вин стана кум на ќерката на Вокер, Медоу, онаа што тој место својот пријател ја однесе до олтарот. „Fast and Furious 7“ заврши со сцена со која му беше оддадена почит на Пол Вокер.