Покетино си нарача две засилувања од управата

twitter/Sports News Today

Иако сè уште официјално не е седнат на клупата на ПСЖ, Маурисио Покетино ќе биде новиот тренер на „светците“ и официјалната промоција ќе ја има пред првиот нареден натпревар на екипата против Сент Етјен на 6. јануари, но веќе е позната листата на имиња кои ги бара како засилувања во зимскиот преоден рок. .

Покетино на челниците на ПСЖ им доставил листа на која има само две имиња, а можно е неочекувано да екипата да се засили во Аталанта.
Првото име кое Аргентинецот го сака во ПСЖ е добро познато, Кристијан Ериксен кој е избришан од Антонио Конте. Интер е подготвен да го испрати Ериксен во Париз, само доколку во спротивен правец се пресели Леандро Паредес и се поизвесно е дека тоа ќе се случи во јануари.

Втората желба е нереална, Покетино го сака голманот на Тотенхем, Уго Лорис, но и самиот е свесен дека актуелниот менаџер на тимот од Лондон, Жозе Мурињо нема шанси да се согласи на негова продажба.

Но, затоа ПСЖ во јануари може дополнително да се засили со капитенот на Аталанта, Папу Гомез кој по кавгата со тренертоо Гасперини, доби зелено светло да си замине од екипата и Анхел ди Марија го убедува да потпише за францускиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот