Покетино: Меси? Што и да кажам ќе ме сфатите погрешно
Тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино не сака премногу да зборува за евентуалниот ангажман на Лионел Меси иако смета дека играчи како него би бил фантастично засилување.
Од ден во ден станува се поизвесно дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, ќе ја напушти Барселона на лето кога ќе му истече договорот. Една од екипите која има најголеми шанси да потпише со Меси е францускиот шампион ПСЖ.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Шансите на „светците“ дополнително се зголемија со доаѓањето на Покетино на клупата бидејќи челниците на екипата се надеваат дека ќе проработи аргентинската врска.
– Што и да кажам на таа тема ќе бидам погрешно сфатен, така што не би зборувал премногу. Задоволен сум од играчите кои ги имам во екипата, но немам дилеми дека врвни фудбалери каков што е Меси лесно ќе се вклопи во екипата – изјави Покетино.
Покрај ПСЖ, втор тим кој има најголеми шанси да потпише со Меси е англискиот Манчестер сити каде тренер е Пеп Гвардиола кој му беше тренер на Аргентинецот во Барселона.


