Покетино ќе биде идниот селектор на Англија?!

Маурисио Покетино/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Весникот „Телеграф“ пишува дека фудбалската репрезентација на Англија наскоро ќе добие нов селектор и тоа ќе биде Маурисио Покетино.

Весникот пишува дека наводно претставници на двете страни имале разговори кои поминале во пријатна атмосфера и двете страни се заинтересирани за соработка.

Покетино беше на трибините на стадионот „Вембли“ каде го следеше натпреварот од последното коло во Лигата на нации меѓу Англија и Германија кој заврши без победник 3:3.

„Телеграф“ не потенцира дали Покетино ќе го наследи Гарет Саутгејт на клупата на англиската репрезентација пред Светското првенство во Катар кое ќе се игра од 20 ноември до 18 декември или веднаш по него.

Актуелниот селектор Саутгејт е на удар на јавноста и медиумите поради лошите игри во последно време и кои резултираа со испаѓање на Англија од елитната дивизија во Лигата на нации.

Маурисио Покетино е без ангажман откако по завршување на минатата сезона доби отказ во ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот