Појадок за мерак: Полнети пржени лепчиња со шунка и кашкавал

Фото: Профимедиа

Пржените лепчиња се еден од оние појадоци што мирисаат на детството, безгрижноста и кујната на баба.

Омилени им се на повеќето луѓе, а покрај тоа што се подготвуваат брзо, тие се и идеален начин да ги искористите остатоците од стариот леб. За класичните пржени лепчиња сите знаат, но овој едноставен појадок можете да го подготвите со мали промени и да добиете сосема ново јадење.

Наједноставното нешто што можете да го направите е да направите сендвич наместо класичните пржени лепчиња (леб во јајце), така што помеѓу две парчиња леб ќе ставите прилог по ваш избор и ќе направите полнети пржени лепчиња.

Состојки:

– 8 парчиња стар бел леб
– 100 г рендана шунка
– 100 г рендано кашкавал
– 2 лажици мајонез
– 2 лажици кечап
– 3 јајца
– 3 лажици млеко
– 1 лажичка брашно
– малку сол
– масло за пржење

Подготовка:

Едното парче леб намачкајте го со тенок слој мајонез, а на другото тенок слој кечап. Ставете го ренданиот кашкавал на парчето леб намачкано со мајонез, потоа ставете ја ренданата шунка и залепете ја со парчето намачкано со кечап.

По потреба малку притиснете ги кришките за да се залепат и за да не истече филот при пржењето.
Направете го истото со сите парчиња леб.

Јајцата се матат со млеко и една лажичка брашно и се посолуваат по вкус. Брашното е додаток што ќе спречи пржената храна да биде мрсна. За време на пржењето ќе се формира кора и лебот нема да впие многу масло.

Загрејте го маслото на средна топлина. Потопете ги пржените лепчиња од сите страни во изматените јајца непосредно пред да ги спуштите во врелото масло.

Пржете околу една минута од едната и една минута од другата страна додека не поруменат.

Готовите пржени лепчиња извадете ги на салфетка за да го впијат вишокот маснотии, па послужете ги топли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот