Погба во дресот на Јуве, пораката го одушеви целиот свет! (ВИДЕО)
Француската ѕвезда на Манчестер јунајтед со поддршка за својот сонародник, членот на „Старата дама“, Матуиди кој има коронавирус.
Францускиот фудбалски интернационалец не ги заборави своите сонародници. Јувентус вчера потврди дека уште еден играч на овој тим има коронавирус, Блез Матуиди.
Матуиди доби голема поддршка на социјалните мрежи, а денеска се огласи и неговиот соиграч од репрезентацијата на Франција, Пол Погба.
Погба објави видео во дресот на Јувентус, поточно на дресот пишуваше Матуиди.
Во видеото исто така се наоѓа и Виктор Линделоф кој го носеше дресот на својот сонародник Албин Екдал кој е исто така позитивен на коронавирус.
– Поддршка до нашите пријатели во Јувентус и Сампдорија, Блез Матуиди, Албин Екдал, како и сите спортисти и луѓе ширум светот кои се соочуваат со овој тежок момент. Бидете силни, останете дома и бидете безбедни. Новиот тренинг камп се вика Карантин ПП Арена, отворен 24/7. Се забавувам тренирајќи дома со мојот брат Виктор Линделоф – напиша Погба на „Инстаграм“.
Воедно е и свесен дека на оваа објава ќе има веројатно и коментари кои ќе провоцираат, бидејќи е во дресот на Јувентус. Но, Погба само ги поддржува неговите пријатели и тоа е сè, ништо повеќе.
Французинот долго време се мачеше со повредите, сезонава одигра само седум натпревари со Манчестер јунајтед, без ниту еден погодок.
Ја поминува и четвртата година во дресот на „црвените ѓаволи“, во текот на ланската година, па и оваа се шпекулираше за негово враќање во Јувентус чии бои ги бранеше вкупно пет сезони пред да направи трансфер на „Олд Трафорд“ во 2016.
Своевремено со „Старата дама“ има четири титули во Серија А, по две во Купот и Суперкупот на Италија.