Подвиг на Лазаров и Нант, го совладаа Киелце за пласман во четвртфинале

лазаров
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров со ново признание од ЕХФ/Фото: EPA-EFE/Henning Bagger

Екипата на Нант предводена од капитенот и селектор на македонската репрезентација, Кире Лазаров, направи вистински подвиг и во реваншот успеа да го совлада Киелце со 31:34 и да се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Ракометатите на Нант во реваншот кој се играше во Киелце, успеаја да слават со три гола (31:34) и со тоа ја анулираа негативата од првиот натпревар кој заврши со минимален триумф на полскиот тим.

Првото полувреме помина во подобра игра на Нант, гостинските ракометари постојано беа во водство, најголемото изнесуваше  три гола (2:5,8:11), а на одмор заминаа со два гола предност (13:15).
Во второто полувреме, ракометарите на Киелце успеаја да се вратат во игра и со голот на Кулеш во 41. минута да дојдат до израмнување. Полјаците предноста од еден гол ја одржуваа до 47. Минута, кога Нант со три гола во серија, од кои два даде Лазаров повторно ја врати предноста (25:27). Киелце направи уште еден обид да дојде до реми кое ќе ги однесеше во четвртфиналето, преку Турнат во 57. минута дојде до израмнување на 30:30, но за две минути Пелмабек и Ривера постигнаа голови и ја заверија победата на Нант.

Кире Лазаров одигра одлична партија постигнувајќи четири гола, а имаше и уште пет асистенции, Валеро Ривера постигна девет гола, а на голот на Нант блескаше Емил Нилсен кој имаше 18 одбрани. Во редовите на Киелце најпрецизен беше Кулеш со шест постигнати голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот