Поднесено барање до градоначалникот на Ѓорче Петров за ревидирање на ДУП-от Јурија

Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров денеска поднесе барање до градоначалникот Александар Наумоски и Советот на општината за ревидирање на Деталниот урбанистички план С3 24 – Дексион Јурија.

Во него се бара намалување на катноста на зградите и укинување на одредбата што дозволува висина од 58 метри или 17 ката, да се намали бруто развиената градежна површина која сега изнесува 90.000 квадратни метри и 800 станови, како и да се намали опфатот на градежната површина и да се зголеми површината за зеленило.

Како што истакна Горан Костов од Иницијативата, доколку нивното барање не биде прифатено ќе поднесат преставка до Уставниот суд во која ќе бараат времена мерка за деталниот урбанистички план и повторно ќе излезат на протест, но овој пат пред зградата на Општина Ѓорче Петров.

Прочитајте и...  ОЈО ги отфрли кривичните пријави за работењето на ТЕ-ТО

-После саботните протести одлучивме повторно писмено да се обратиме до органите на општината и да побараме да се ревидира ДУП-от Дексион Јурија. Време е општината и градоначалникот Наумоски да покажат дека се на страната на граѓаните, а не на урбаната мафија и профитот. Очекуваме да го прифатат нашето барање и да биде ставено како точка на дневниот ред на наредната седница на Советот, рече Костов на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека до Иницијативата против урбаното дивеење стигнуваат многу барања од граѓани, кои  како што рече, се оштетени од замавот на урбаната мафија во Ѓорче Петров.

Прочитај повеќе

„Дизни” укинува 28.000 работни места

Слободен печат

Размена на артилериски оган во Нагорно Карабах (ВИДЕО)

Слободен печат

Османи: Првата меѓувладина конференција би требало да се одржи во декември

Слободен печат

Кон: Од март до јуни во Србија имало трипати повеќе смртни случаи од Ковид-19 од соопштеното

Слободен печат

МИА бележи 22 години од емитувањето на првата вест

Слободен печат

Возење велосипед низ Скопје за безбедна велосипедска инфрастуктура

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Бајден собра рекордни 3,8 милиони долари донации за еден час

Слободен печат

Бил Гејтс и СЗО обезбедија 120 милиони брзи тестови за ковид-19 за најзагрозените

За конфликтот во Нагорно Карабах е виновна Турција

Срѓан Ивановиќ

Видео средба на министерот Бујар Османи со Хајко Мас

Слободен печат

Канадскиот сојузен дефицит ќе достигне 328,5 милијарди долари

Слободен печат

Властите на Португалија со порака до САД: Наша држава, наши правила

Слободен печат