Подготвени дресовите за вечерашниот меч: Нека доминира црвената боја..! (ФОТО)

Фото: facebook.com/FudbalskaReprezentacija

Денеска од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје најдобрата македонска А репрезентација ќе го игра полуфиналниот натпревар од плеј-офот за пласман на ЕП против Косово.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски ветуваат голема борба на теренот, со надеж и верба за позитивен резултат, победа која ќе го обезбеди финалето како последна пречка на патот кон континенталниот собир.

Голманското трио Димитриевски, Шишковски и Божиновски се во сино, а црвената боја на дресовите на Пандев, Алиоски, Барди, Ристевски, Хасани, Несторовски, Спировски, и останатите и се надеваме дека ќе доминира и на крајот ќе се слави победничка атмосфера.

Поради пандемијата на коронавирус мечот ќе се игра пред празни трибини, иако желбата на нашите најдобри фудбалери беше полн стадион.

Со евентуална победа против селекцијата на Косово, во ноемврискиот репрезентативен прозорец нè чека финале на гости или кај Грузија или кај Белорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот