Елмас: Момци вие знаете како треба, играјте за вас, за Македонија!

Фото: instagram.com/elifelmas24

Елиф Елмас поради позитивен тест на ковид-19 во текот на минатата недела не се најде во списокот на играчи кај селекторот Игор Ангеловски за денешниот многу важен натпревар против Косово за пласман на наредното ЕП.

Играчот на Наполи во текот на вчерашниот ден имаше ново тестирање кое покажа дека е негативен, што беше добра вест и за нас и неговата екипа во Италија.

Еден од нашите најталентирани фудбалери се надева дека исто така дека македонската А репрезентација може со верба и надеж да се пласира во големото финале од плеј-офот.

– Момците вие знате како треба. Денес е ден кој што цела Македонија е со вас, денес е ден кој што вие на сите мали дечиња ќе почнете да им го градите сонот, а исто така и на цела Македонија. На сите луѓе што до сега нè бодреа на трибините, а денес не можат со вас исто како јас…Играјте за вас, играјте за Македонскиот фудбал и за наша мала Мајка Македонија – напиша Елмас на „Инстаграм“.

Секако порака која дава мотив и поттик за нашите најдобри фудбалери вечерва (20.45 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје да се борат и играат за финале, за Елмас, за Македонија!!!

Напред момци, вечерва против Косово е испитот на зрелоста на фудбалерите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот