Напред момци, вечерва против Косово е испитот на зрелоста на фудбалерите

Фото: Инстаграм

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во 20:45 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ игра против Косово.

Фудбалерите вечерва ќе го играат еден од најважните натпревари во досегашната историја, полуфиналниот бараж натпревар од Лигата на нации против Косово.

Влогот во вечерашниот натпревар е последната препрека пред пласманот на Европското првенство. Победникот од вечерашниот дуел во финалето од баражот од Лигата на нации ќе игра против подобриот од второто полуфинале помеѓу Грузија и Белорусија, а победникот ќе игра на Европското првенство што ќе се одржи наредната година.

ffm.mk

Ако во нешто сум сигурен, тоа е дека против Косово ќе го видите максимумот на оваа репрезентација. Тоа е биде најдоброто од нив, зашто ова го чекаме 30 години, да играме во бараж. Ова е еден вид финале, каде нијанси ќе решаваат, но јас се надевам дека тие нијански ќе бидат на наша страна и на крајот ние ќе се радуваме – порачува селекторот Игор Ангеловски.

Фудбалерите во овој натпревар влегуваат по добриот старт на новото издание од Лигата на нации. Минатиот месец, избраниците на селекторот Ангеловски на домашен терен ја совладаа Ерменија со 2:1, а ремизираа на гости кај Грузија играјќи 1:1.

Голем хендикеп за селекторот Ангеловски ќе претставува неиграњето на еден од клучните играчи во репрезентацијата, Елиф Елмас, кој поради позитивен тест на корона остана во Неапол. Со проблеми се соочува и селекторот на Косово, Бернар Шаландес, кој нема да може да смета на тројца клучни фудбалери, Ведат Муричи, Милот Рашица и Амир Рахмани.

Но, затоа тука е капитенот Горан Пандев кој во последен момент успеа да им се приклучи на репрезентативците.
Знаеме што носи овој натпревар, искусни сме и подготвени сме за тоа што не чека. За мене ова е последна шанса да играм на големо натпреварување. Огромна е желбата да победиме и да подариме радост на нашиот народ, посебно низ овој лош период во светот. Јас, едноставно живеам за овој натпревар. Знам дека сите ние ќе го оставиме срцето на терен, па нека победи подобриот – изјави Пандев.

Натпреварот ќе се одигра пред празни трибини поради пандеијата на коронавирусот и зголемениот број на позитивни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот