Македонскиот фудбалски „дијамант“ Елмас негативен на ковид-19

фото/фејсбук

Вечерва добри вести доаѓаат од Наполи кој ја информираше јавноста дека сите играчи се негативни после земањето брисеви за тестирање на коронавирус во текот на утринските часови.

Единствено кај еден фудбалер Станислав Лоботка, чиј тест сè уште не е обработен, додека позитивен е еден играч, неименуван, од младинскиот тим.

Екипата предводена од тренерот Џенаро Гатузо беше изолација откако минатата недела позитивни тестови на ковид-19 имаа македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Пјотр Зиелински.

 

Селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски нема да може да смета на Елмас за полуфиналето против Косово в четврток во полуфиналето за пласман на ЕП, а сите со верба и надеж дека ќе биде дел од составот наредниот месец во финалето (против Грузија или Белорусија на гости).

View this post on Instagram

????????????

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот