Pixabay

Подготовка за лето: Три состојки од кујната ефикасно го решаваат проблемот со суви и испукани пети

Повеќето од нас поминуваат многу време грижејќи се за своето лице, но најмалку грижа им посветуваме на нашите стапала. Сепак, при преминот кон лето и летни обувки, непријатноста расте со секој поглед на испуканите петици. Освен што не изгледаат убаво, сувите и испукани петици, доколку се занемарат, можат да предизвикаат подлабоки пукнатини, што е многу болна состојба и го зголемува ризикот од инфекција.

Некои од вообичаените причини што доведуваат до сува кожа на петиците се недостатокот на соодветна грижа, но и долгото стоење, несоодветните обувки и состојби како што се дебелината или менопаузата.

Добрата вест е дека нашата кујна е складиште на одлични состојки со лековити својства што можат да ги олеснат секојдневните проблеми, вклучувајќи ги и испуканите петици. Потребно е само малку време да се посвети на тој дел од телото секој ден. Подолу се наведени некои од најдобрите домашни лекови за испукани петици.

Бананата како природен хидратантен крем

Изобилството на хранливи материи во бананите, вклучувајќи ги витамините А, Б6 и Ц, го олеснува одржувањето на еластичноста на кожата и ја одржува добро хидрирана. Бананата е природен хидратантен крем кој спречува сушење и пукање на кожата.

Состојки: 2 зрели банани

Подготовка: Изгмечете две зрели банани во мазна паста. Избегнувајте незрели банани бидејќи содржат киселина која не е добра за кожата. Нанесете темелно на стапалата, вклучувајќи ги петицте, страните на прстите и ноктите. Оставете да делува 20 минути, а потоа исплакнете со вода. Повторувајте најмалку две недели, пред спиење, за најдобри резултати.

Медот е природен антисептик

Медот се смета за природен антисептик кој помага во заздравувањето на испуканите петици. Исто така е добар навлажнувач кој ја хидрира кожата и спречува сушење. Покрај тоа, смирувачките својства на медот помагаат во ревитализирање на кожата.

Состојки: 1 шолја мед, топла вода

Подготовка: Измешајте една шолја мед во сад со топла вода. Исчистете ги стапалата и потопете ги 20 минути додека ги масирате. Исушете ги со тапкање и нанесете хидратантна крема. Правете го ова редовно неколку недели пред спиење.

Маслиновото масло храни и обновува

Маслиновото масло е полно со хранливи материи, вклучувајќи витамини А, Д и Е, кои ја регенерираат кожата и ги лекуваат испуканите петици со поттикнување на раст на нови клетки.

Состојки: 2 лажици маслиново масло

Постапка: Темелно исчистете ги и исушете ги стапалата. Нанесете дебел слој масло, особено на петиците и на прстите. Облечете чисти памучни чорапи и оставете ги преку ноќ. Повторувајте го ова секојдневно пред спиење за да ги излекувате испуканите петици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот