Али Ахмети, споменик на УЧК во Слупчане, Фото: Фејсбук Ахмети

Под слоганот „Јас сум УЧК“ Ахмети повикува на масовен протест за поддршка на поранешните водачи на УЧК

Излегуваме одговорно, да ја почитуваме жртвата и да ја одбраниме вистината на нашата историја. Слободата има име – УЧК. И ова име останува дел од нашиот национален идентитет и достоинство.

Под слоганот „Јас сум УЧК“, лидерот на ДУИ Али Ахмети ги кани сите да дојдат на плоштадот Скендербег и да се обединат за јасната цел – правда за поранешните водачи на УЧК и отфрлање на, како што вели, измислените обвинувања.

„Утре, на 13 декември во 13 часот, на плоштадот Скендербег во Скопје, се обединуваме за јасна цел: барање за правда и отфрлање на измислените обвинувања.
Излегуваме одговорно, да ја почитуваме жртвата и да ја одбраниме вистината на нашата историја.
Слободата има име, УЧК. И ова име останува дел од нашиот национален идентитет и достоинство.
Ве поканувам утре сите да бидеме заедно“, напиша Ахмети на Фејсбук.

Јас сум УЧК Фото: Фејсбук Ахмети

Со поддршка за големиот протест во Скопје за поранешните водачи на УЧК на кои им се суди за воени злосторства во Хаг излегоа речиси сите лидери на партиите на Албанците во Македонија. На протестот е најавено присуство на ветерани на УЧК од Кососво, како и граѓани од Косово и од Албанија.

Ахмети инспириран од слоганот „Јас сум Шарли“, повикот за протестот во Скопје го именува „Јас сум УЧК“.

Слоганот „Јас сум Шарли“ првпат беше употребен од демонстрантите и луѓето кои изразија поддршка за слободата на говорот и слободата на медиумите по нападот на 7 јануари 2015 година во кој беа убиени дванаесет лица во просториите на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“ во Париз, Франција. Со него се изразува сочувство до жртвите на убиството во редакцијата на списанието „Шарли Ебдо“, а подоцна беше усвоен од демонстрантите против ограничувањето на слободата на говорот и отпорот кон вооружените закани. Слоганот првпат се појави на социјалната мрежа Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот