Почнува судењето на Шакира: Обвинета е дека не платила 14,5 милиони евра данок

Шакира / Фото: CRY-Olivier Huitel-Luis Sanchez. / The Photo One / Profimedia

Колумбиската пејачка Шакира денеска ќе оди на судење во Барселона под обвинение дека не платила 14,5 милиони евра данок на доход во периодот од 2012 до 2014 година.

Пејачката, претходно најави дека ќе се бори против, како што рече, лажните обвинувања. Шакира тврди дека го платила долгот пред даночната управа да ја поднесе тужбата и вели дека поради својата работа во тој период не живеела во Шпанија.

Таа ја отфрли спогодбата на обвинителството за затворање на случајот и се очекува да сведочи во понеделник на првото од 12-те рочишта закажани до 14 декември. Обвинителството бара казна затвор до осум години за Шакира и враќање на данокот што таа наводно го должи.

Во обвинението се наведува дека Шакира престојувала во Шпанија повеќе од половина од секоја година за време на инкриминираниот период. Исто така, се нагласува дека имотот во Барселона, кој го купила во мај 2012 година, служел како нејзин семеен дом.

Шакира (46) живееше со поранешната фудбалска ѕвезда на Барселона и Шпанија, Жерар Пике 11 години и парот има две деца. Пејачката, чие целосно име е Шакира Изабел Мебарак Рипол, по разводот се пресели во Мајами. Во судскиот спор ќе ѝ суди судијата Хозе Мануел дел Амо Санчез, а во текот на постапката ќе бидат слушнати повеќе од 100 сведоштва.

На Шакира сепак ќе ѝ се суди за затајување данок во Шпанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот