На Шакира сепак ќе ѝ се суди за затајување данок во Шпанија

шакира
Шакира / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Шпанскиот суд во вторникот нареди дека сепак ќе ѝ се суди на колумбиската суперѕвезда Шакира поради обвиненијата дека не платила 14,5 милиони евра данок на доход, пренесуваат странските медиуми.

45-годишната пејачка на хитот „Hips Don’t Lie“, чие полно име е Шакира Изабел Мебарак Рипол, ја отфрли спогодбата во јули и ќе мора да се појави на суд, кој може да ја осуди на осум години затвор. Судот „Esplugues de Llobregat“ во вторникот одлучи да започне судење, а датумот ќе биде одреден подоцна.

Обвинителот бара осумгодишна затворска казна за пејачката, која е обвинета дека не платила даноци од 2012 до 2014 година, при што пејачката тврди дека водела номадски начин на живот поради „работни потреби“.

Шакира минатата недела вети дека ќе се бори против, како што рече, лажните обвинувања од шпанските власти. Таа тврди дека ги платила сите обврски кон шпанските даночни власти пред да биде поднесена тужбата против неа.

Повеќе написи на темата:

 

На Шакира ѝ се заканува судење и затвор поради затајување данок во Шпанија

Шакира одбива да ја признае вината: Пејачката го отфрли договорот со обвинителството околу даночниот долг

 

ФОТО+ВИДЕО | Шакира за разделбата со Пике: Ова е најмрачниот период од мојот живот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот