Почнува нокаут-фазата на СП 2022: Аргентина и Холандија фаворити против Австралија и САД

Лаутаро Мартинез („Аргентина“) во акција на натпреварот против Саудиска Арабија/фото: EPA-EFE/Rungroj Yongrit

На Светското првенство во Катар денеска ќе се одиграат првите осминафинални натпревари: Холандија – САД и Аргентина – Австралија.

Од 16.00 часот е закажан мечот меѓу репрезентациите на Холандија и САД, а од 20.00 часот силите ќе ги одмерат Аргентина и Австралија.

Холандскиот тим заврши на првото место во групата „А“ со седум бодови, додека тимот на САД го зазеде второто место во групата „Б“ со пет бодови.

Аргентинците се пласираа во осминафиналето како први во групата „Ц“ со шест бодови, додека австралискиот тим беше втор во групата „Д“ со исто толку бодови.

Распоредот на осминафиналните натпревари со термините на СП 2022 –

3 декември:

16:00 часот: Холандија – САД
20:00 часот: Аргентина – Австралија

4 декември:

16:00 часот: Франција – Полска
20:00 часот: Англија – Сенегал

5 декември:

16:00 часот: Јапонија – Хрватска
20:00 часот: Бразил – Јужна Кореја

6 декември:

16:00 часот: Мароко – Шпанија
20:00 часот: Португалија – Швајцарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот