Почнува Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол”

Вечерва од 20 часот официјално е отворањето на турнирот во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол” на фудбалското игралиште „Сокол” во ООУ Христијан Тодоровски Карпош во Карпош 1.

На турнирот се пријавени 48 екипи, а победникот ќе се знае на крај од септември. Вкупен награден фонд изнесува преку 700.000 денари. Победничкиот тим ќе освои 200.000 денари, поразениот во финалето 100.000, третопласираната екипа 50.000 денари, а четвртопласираната 10.000 денари.

Обезбедени се и индивидуални награди од спонзори и организаторите, а на отворањето ќе излезат децата од специјалната олимпијада на кои им беа подарени 30.000 денари.

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев ќе го отвори турнирот.

Отварањето ќе стартува со ревијален натпревар помеѓу легендите на фк Вардар и легендите учесници на Сокол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот