Почнал да се дрогира на 11 години: Синот на Шер е отпуштен од болница откако се предозира минатиот викенд
Елајџа Блу Алман е отпуштен од болница по предозирање со дрога минатиот викенд, дознава Ти-ем-зи. Извори блиски до случајот велат дека синот на Шер и покојниот Грег Олман бил отпуштен од болница во Јужна Калифорнија среде неделата, откако во сабота наутро итно бил пренесен од неговиот дом во близина на Џошуа Три. Сега е дома и продолжува да се опоравува.
Препорачано
Претходно беше пријавено дека властите реагирале на дојава за маж кој се однесувал невообичаено. Кога пристигнале полицајците, медицинските лица веќе биле присутни и му укажувале помош на Елајџа.
Во домот била пронајдена дрога, а додека Алман бил пренесен во болница на лекување, истрагата за настанот сѐ уште трае.
Како што пренесуваат изворите, Шер, како и секоја мајка, е целосно посветена на добросостојбата на својот син и прави сѐ што е во нејзина моќ за да му помогне.
Алман и претходно јавно зборувал за својата борба со зависноста – во едно интервју од 2014 година откри дека почнал да користи дрога уште на 11-годишна возраст.
Во 2023 година, Шер поднесе барање за старателство над неговите финансии, посочувајќи дека не е во состојба да управува со сопствениот имот поради сериозни ментални и зависнички проблеми. Неколку месеци подоцна, тие постигнаа договор и го затворија случајот.


