epa08127946 Switzerland's head coach Michael Suter (C) speaks to the team during the EHF Handball Men European Championship 2020 Group F match between Switzerland and Slovenia in Gothenburg, Sweden, 14 January 2020. EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Почнаа отказите, по Чешка и САД нема да игра на СП во Египет

Светската ракометна федерација ја направи и втората промена на учесници на Светкото првенство во Египет, по Чешка втора селекција која нема да игра на ракометниот Мундијал е САД.

Очекувано, причина за ваквата одлука на ИХФ е коронавирусот, односно во селекцијата на САД има 18 ракометари позитивни на корона и само 12 кои се здрави.

Така по Македонија и репрезентацијата на Швајцарија во последен момент ги пакува коферите за пат кон Египет, а лесно може да се случи и третата замена за листата на ИХФ, Холандија да биде повикана за настап на СП бидејќи големи проблеми со коронавирусот има и селекцијата на Зеленортските острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот