Почит за Новицки, Германците ја повлекуваат 14-ката од репрезентацијата

Дирк Новицки/фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Кошаркарската федерација на Германија на првиот ден од Евробаскетот ќе му приреди голема чест на најдобриот германски кошаркар на сите времиња, Дирк Новицки.

Церемонијата ќе се одржи непосредно пред натпреварот меѓу Германија и Франција, на отворањето на Евробаскетот на 1 септември во Келн. Ова е првпат федерацијата да повлече дрес на кошаркар.

– Се чувствував почестен, пред сѐ, кога германската федерација ми ја претстави оваа идеја. Беше убаво изненадување и веќе сум возбуден што ме чека во Келн. Како амбасадор на ФИБА на Евробаскетот, со нетрпение очекувам возбудливи натпревари со одлични тимови и се надевам дека навивачите во Келн и Берлин ќе обезбедат полни арени и одлична атмосфера – изјави Новицки.

Далас во јануари го пензионираше дресот со број 41 кој го носеше Новицки кој долги години беше и предводник на германската репрезентација. Тој освои бронзен медал на Светското првенство во 2002 година и сребрен медал на Евробаскет во 2005 година, кога доби овации од полната публика во полната белградска арена.

– Ако некој заслужува таква чест, тогаш тоа е Дирк. Секогаш беше подготвен да игра за Германија, пружајќи неверојатни игри на 153 натпревари –  изјави Инго Вајс, претседател на кошакарската федерација на Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот