Универзитетска детска клиника / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Починато петмесечно бебе е донесено на Детската клиника

Рано утрово, петмесечно бебе било донесено без знаци на живот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Случајот во полицијата бил пријавен од страна на медицинскиот персонал на клиниката, соопшти МВР.

„Настанот е пријавен на 12.05.2026 година во 06:05 часот. Таткото на бебето го пронашол своето дете починато во нивниот семеен дом, на подрачјето на општината Чучер-Сандево, околу 05:30 часот наутро. Веднаш по пронаоѓањето, тој се упатил кон клиниката за да побара помош, но дежурните лекари можеле само да ја констатираат смртта“, велат од МВР.

Полицијата во соопштението додава дека бебето, според информациите од таткото, било предвремено родено. Случајот се истражува.

Се запали „порше“ во движење во Радишани, возачот не е повреден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот