Сами Адеми, фото: ЗНМ

Почина спортскиот новинар Сами Адеми

Спортската јавност се збогува со новинарот и долгогодишен спортски коментатор Сами Адеми, чиј глас со децении беше препознатлив белег на фудбалските натпревари на националната репрезентација.

„Колегата Адеми остави длабока трага во спортското новинарство преку својата професионалност, посветеност и страст кон спортот и новинарската професија“, соопштија од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Како што велат оттаму, неговите преноси и коментари беа дел од најзначајните спортски моменти што ги памети македонската јавност.

„Неговиот придонес во македонското спортско новинарство ќе остане трајно запаметен“, констатираат од ЗНМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот