Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство /Фото: МИА
Вечерва почина 39-годишната родилка која пред две недели скокна од прозорец од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Информацијата за „Слободен печат“ ја потврдуваат членови на семејството.
Таа се бореше за живот на КАРИЛ, но не издржа и покрај лекарските обиди да се спаси нејзиниот живот.
Пациентката беше во многу критична состојба, а на одлуката да скокне од прозорецот од првиот кат на Клиниката за гинекологија и акушерство ѝ претходеле вознемиреност и одбивање да го дои бебето.
Триесет и деветгодишната родилка била донесена на ГАК во 36-та недела од бременоста. Била однесена во породилна сала и за 14 минути била породена со царски рез.
Бебето е во добра состојба. Детето на родилката ѝ било прво и станувало збор за посакувана бременост.
Трагедијата иницираше инспекциски надзор од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Специфичен по својата работа, речиси и да нема утка во парчињата облека кои ги дизајнира, модниот дизајнер Марков е еден од водечките кај нас. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Низ разговорот за „Слободен печат“ со Марков зборуваме за модата, почетоците, соработката со Катарина Ивановска, но открива и која е идеалната комбинација за една …
Проблем со препознавањето на еколошкиот криминал немаат само граѓаните кои можат да го пријават до надлежните институции, туку и обвинителите и судиите кои треба да ги процесуираат овие кривични дела од Кривичниот законик за кои со последните измени драстично се зголемени казните, смета проф. д-р Марина Малиш Саздовска од Факултетот за безбедност за да има …