Почина родилката која скокна од прозорец на ГАК

Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство /Фото: МИА

Вечерва почина 39-годишната родилка која пред две недели скокна од прозорец од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Информацијата за „Слободен печат“ ја потврдуваат членови на семејството.

Родилката која скокна од првиот кат на Гинекологија е во многу тешка состојба, била „лесно вознемирена“ и не сакала да го дои бебето

Таа се бореше за живот на КАРИЛ, но не издржа и покрај лекарските обиди да се спаси нејзиниот живот.

Пациентката беше во многу критична состојба, а на одлуката да скокне од прозорецот од првиот кат на Клиниката за гинекологија и акушерство ѝ претходеле вознемиреност и одбивање да го дои бебето.

Триесет и деветгодишната родилка била донесена на ГАК во 36-та недела од бременоста. Била однесена во породилна сала и за 14 минути била породена со царски рез.

Бебето е во добра состојба. Детето на родилката ѝ било прво и станувало збор за посакувана бременост.

Трагедијата иницираше инспекциски надзор од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

ГАК – Скопје за случајот со обидот за самоубиство на родилката: Пациентката покажала само знаци на лесна вознемиреност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот