Почина првиот црномурест тренер кој освои НЦАА титула и човек кој создаде НБА ѕвезди како Јуинг, Морнинг, Ајверсон…

twitter/The Players' Tribune

Легендарниот тренер на Универзитетот Џорџтаун, Џон Томпсон почина на 79-годишна возраст.

Томпсон почина утринава, а причината за смртта на еден од најголемите тренери во универзитетската кошарка сè уште не е позната. Томпсон беше првиот главен тренер Афроамериканец кој освоил НЦАА титула. Томпсон и неговиот Џорџтаун триумфираа во НЦАА лигата во 1984 година кога предводник на теренот беше легендарниот центар на Њујорк никс, Патрик Јуинг.

Џон Томпсон беше главен тренер на Џорџтаун дури 27 години и е рекордер по бројот на победите (596).

Пред тренерската кариера, Томпсон имаше и кратка играчка кариера, во 1964 година како играч на Универзитетот Провиденс беше избран во најдобриот Ол американ тим во колеџ кошарката.
Потоа на НБА драфтот беше избран од Бостон селтикс каде играше две сезони и освои две НБА титули.

Томпсон потоа се посвети на тренерската кариера која ја заполчна како тренер во средно училиште во Вашингтон, а потоа доаѓа на клупата на познатиот Универзитет Џорџтаун.

Џон Томпсон и Ален Ајверсон/twitter:The Players’ Tribune

Меѓу најголеми НБА ѕвезди кои играле за Томпсон во Џорџтаун покрај Јуинг се и Ален Ајверсон, Алонзо Морнинг, Дикембе Мутомбо…
Тој на клупата на Џорџтаун седеше се до 1999 година, а истата година беше примен и во кошаркарската куќа на славните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот