Почина Натали Делон: Актерката ја загуби битката со туморот

Фото: Профимедиа

Познатата француска актерка Натали Делон почина денес , во Париз, по долгогодишната и тешка борба со канцерот. Таа почина на 79-годишна возраст.

Нејзиниот син Ентони Делон ја објави оваа тажна вест која ја пренесоа сите светски медиуми.

„Мојата мајка почина утрово во 11 часот во Париз, опкружена со семејството и пријателите“, изјави нејзиниот син Ентони Делон, пренесува „АФП“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anthony Delon (@therealanthonydelon)

Натали е родена како Френсис Кановас во шпанско семејство. Таа е прогласувана за најубава актерка во светот во неколку наврати. Освен богата филмска кариера и режијата на филмови, таа објави и мемоари.

Постои приказна дека актерот Ален Делон бил маѓепсан од нејзината убавина и дека поради неа ја оставил Рои Шнајдер. Тие се запознале кога таа имала 21 година. Се венчале во 1964-та година, а се развеле во 1969-та година. По разводот тие останале во добри односи, а дури и празниците ги поминувале заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anthony Delon (@therealanthonydelon)

Познатиот актер Ален Делон минатата година доживеа мозочен удар.

Покрај Ален, Натали ја доведуваа во врска и со Ричард Бартон и Еди Фишер. Наводно била љубовница и на шестокото момче Стеван Марковиќ, кој бил исклучително љубоморен поради нејзините многубројни врски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот