Почина легендата на „Вог“, Андре Леон Тали

Андре Леон Тали/ Фото: Инстаграм

Модниот новинар, стилист и поранешен креативен директор на „Вог“, Андре Леон Тали, почина на 73-годишна возраст.

Тали, кој стана првиот афроамерикански креативен директор на списанието во 1988 година, почина во болницата Вајт Плејнс од непозната болест, наведува ТМЗ.

Во изминатите пет децении, како меѓународна икона, тој беше близок соработник на Ив Сен Лоран, Карл Лагерфелд, Палома Пикасо, Дајана фон Фурстенберг, Бетани Хардисон, Маноло Бланик и имаше склоност кон откривање, насочување и славење на младите дизајнери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andre Leon Talley (@andreltalley)

Меѓу бројните пријатели, колеги, обожаватели и модни креатори, од него се прости и дизајнерката Дајана фон Фирстенберг.

„Збогум, драг Андре. Никој не го видел светот на погламурозен начин од тебе. Никој не беше повеличествен и имаше повеќе дух од тебе. Светот ќе биде помалку радосен. Те сакам и се смеам со тебе веќе 45 години Ми недостасува твојот гласен плач. Те сакам многу“, напиша таа.

Тали беше десна рака на главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур. Тој се приклучи на списанието во 1983 година како директор за модни вести во списанието. Тој го напушти „Вог“ во 1995 година и се пресели во Париз, каде што работеше во магазинот „W“. Подоцна се врати во Вог“ и беше уредник, сѐ додека не ја напушти позицијата во 2013 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andre Leon Talley (@andreltalley)


Според Тали, документарниот филм „The Gospel According to André“ е снимен и објавен во 2018 година. Во мај 2020 година, тој објави мемоари за неговиот живот и кариера под наслов „Шифонските ровови“, што го покажува неговиот подем во првите редови на модата. Во своите мемоари, тој зборуваше и за крајот на неговата работа во „Вог“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andre Leon Talley (@andreltalley)

Тали, исто така поранешен судија на „America’s Next Top Model“, беше познат по својата облека која го привлекуваше вниманието и богатата кариера на раскрсницата на медиумскиот и модниот свет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот