Почина легендарниот тренер на Јута џез, Џери Слоун

Поранешниот тренер на „џезерите“ почина на 78-годишна возраст,а веќе четири години се бореше со Паркинсоновата болест.

„Исто како и Стоктон и Мелоун, така и Џери Слоун беше синоним за нашата организација. Многу ќе ни недостасува. Од срце им изразуваме сочуство на неговата сопруга Тами, семејството Слоун и сите кои го познаваа и го сакаа“, стои меѓу другото во соопштението на Јута.


Џери Слоун беше главен тренер на Јута џез од 1988 до 2011 година, а претходно три сезони беше асистент тренер. Пред тоа три години ги предводеше и Чикаго булс, каде како играч помина десет сезони.


Последната сезона како играч ја помина во Балтимор булетс (сегашен Вашингтон визард) и два пати играше на ол стар натпреварите.

Во тренерската кариера оствари 1.233 победи и 803 порази, а со Јута играше во две финалиња, 1997 и 1998 година кога губеше од Чикаго булс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот