Почина легендарниот српски фудбалер Борислав Стевановиќ

Го носеше прекарот „Бор гол“, на 106 натпревари постигна 46 гола/Фото: instagram.com/fkradbeograd/

Нова тага го потресе српскиот фудбал, поранешниот фудбалер на Рад, Земун, Раднички си замина прерано. Почина екс капитенот на Рад, Борислав Стевановиќ, потврдија од клубот од Бањица.

– На 46-годишна возраст почина нашиот поранешен играч и капитен Борислав Стевановиќ, на сите попознат како Бора гол. Беше еден од милениците на навивачите и секогаш добредојден гостин на Бањица. Упатуваме најдлабоко сочувство до семејството Стевановиќ. Почивај во мир – објави ФК Рад на социјалните мрежи.

Ќе остане запаметен и по еден натпревар за репрезентацијата на Југославија, единствениот настап беше против Јапонија на збогувањето на Драган Стојковиќ Пикси во 2001 година.

Борислав Стевановиќ е роден на 22 септември 1975 година, а поголемиот дел од 90-тите ги помина во Раднички Ниш, каде што дебитираше на сениорската сцена.

За шест години на „Чаир“ одигра 101 натпревар и постигна 28 гола, по што се пресели во шпанската Мерида, каде остана само во сезоната 1998/99 и се врати во Србија. Тој ги бранеше боите на Рад до 2003 година и стана легенда на клубот од Бањица, во чиј дрес го доби прекарот Бор гол. На 106 натпревари постигна 46 гола.

По заминувањето од Бањица играше за Земун (2003-2005), а второто патување во странство го имаше во романскиот регион Крајова, од каде се врати во Србија и ја заврши кариерата во БАСК во 2007 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот