Почина легендарниот шкотски голман Енди Горам

Принтскрин/Јутјуб

Легендарниот голман на Глазгов Ренџерс и на шкотската репрезентација, Енди Горам, почина на 58-годишна возраст, по кратка битка со ракот.

Горам имаше 260 настапи за Ренџерс, а во периодот од 1991 до 1998 година освои пет титули во шкотската Премиер лига, три Купа и два Лига купа.


Горам го бранеше и голот на репрезентацијата на Шкотска, настапи на 43 натпревари, и има две учества на Европските првенства, во 1992 и во 1996 година.

Горам е роден во Бјури, Англија во 1964 година и како мал повеќе го сакал крикетот од фудбалот Но, откако на 15 години потпишува за ВБА се менуваат работите и фудбалот му  станува главна пасија. Дебитираше на 16-годишна возраст во мај 1981 година и за ВБА настапи на 219 натпревари.


Потоа потпиша за Хибернијан каде играше четири години. Неговите одлични игри ги забележаа челнците на Глазгов Ренџерс, а новиот менаџер на овој клуб, Волтер Смит плати милион фунти за негов трансфер.

По заминувањето од Ренџерс, тој играше за Нотс Каунти, Шефилд Јунајтед и Мадервел. Горам го оствари сонот во сезоната 2000/01 кога легендарниот менаер сер Алекс Фергусон го донесе на позајмица во Манчестер Јунајтед за кого одигра само натпревари.

По одисејата во Јунајтед, Горам го бранеше голот и на Хамилтон, Ковентри, Олдам, Квин од Саут, а кариерата ја заврши во Елџин Сити во 2003 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот