Почина легендарниот гитарист Мик Ралфс, основач на „Бед компани“
Британската рок легенда од 70-тите, коосновач на групата „Бед компани“ (Bad Company), Мик Ралфс, почина на 81-годишна возраст.
Препорачано
Во пораката објавена на официјалната веб-страница на бендот се вели дека по Ралфс „остануваат љубовта на неговиот живот, Сузи Чавас, неговите две деца и три внуци“, како и неговите колеги од бендот Пол Роџерс и Сајмон Кирк.
Mick Ralphs, founding member of Bad Company and Mott the Hoople, dies at 81 https://t.co/N8rMvtiCyM pic.twitter.com/BaLE6NzONd
— New York Post (@nypost) June 24, 2025
„Бед компани“ е формирана во 1973 година откако членовите на бендовите „Фри“, „Мот д Хупл“ и „Кинг Кримсон“ ги здружија силите.
Во емотивна изјава, пејачот Роџерс рече дека е скршен од веста за смртта на Мик.
„Нашиот Мик почина, срцето ме здоболе. Нè остави со одлични песни и спомени. Тој беше мој пријател, мој партнер во пишувањето песни, неверојатен гитарист кој имаше најголемо чувство за хумор. Во нашиот последен разговор пред неколку дена се смеевме, но нема да биде последен. Има многу спомени од Мик што ќе ве насмеат“, рече тој, а потоа додаде:
„Сочувство до сите што го сакаа, особено до неговата единствена вистинска љубов, Сузи. Се гледаме во рајот.“
Тапанарот Кирк додаде: „Тој беше драг пријател, прекрасен текстописец и исклучителен гитарист. Многу ќе ни недостига.“
Ралфс последен пат настапи со „Бед компани“ во октомври 2016 година, а кантавторот доживеа мозочен удар следниот месец.


