Почина Енвер Малиќи од компликации со ковид-19

Заменик градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи починал утринава од компликации со коронавирусот во „Систина“ откако претходно бил лекуван десет дена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, потврдуваат за „Слободен печат“ од болницата.

Тој бил донесен во исклучително влошена состојба и лекарите цела ноќ се обидувале да му го спасат животот, но за жал неуспешно.

Малиќи беше почесен конзул на Мексико, угледен бизнисмен и заменик градоначалник на Скопје. Тој беше назначен за заменик градоначалник од страна на градоначалникот Петре Шилегов. Малиќи беше советник на ДУИ, управител на компанијата „Гемак Трејд“ и сопственик на „Парк Хотел Спа“ на кејот на Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот