Поддржувач на Зелените во Германија/Фото: EPA-EFE/GREGOR FISCHER

Победа на социјалдемократите во Хамбург, АфД се на петто место

Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и покрај послабиот резултат од очекуваното е победник на денешните избори во сојузната покраина-град Хамбург.

„Мораме да се потсетиме дека СПД може да победи на изборите. Тоа е важна порака од Хамбург до остатокот од земјата“, изјави поранешниот и најверојатно иден премиер-градоначалник на Хамбург Петер Ценчер по објавувањето на излезните анкети.

Според првите нецелосни резултати врз основа на излезните анкети и преброените гласови на јавниот сервис АРД, СПД освоила 33,7 отсто, што е за 5,5 отсто помалку од последните избори пред пет години. Зелените со 17,8 отсто повеќе не се втората најсилна партија, чие место го зазеде Христијанско-демократската унија (ЦДУ) со 19,7 отсто, што е за 8,5 процентни поени повеќе од последните избори.

Во парламентот во Хамбург влезе и партијата Левица со 11,4 отсто и десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) со 8,2 отсто.

Ова се први избори по изборите за Бундестагот пред една недела, на кои СПД на канцеларот Олаф Шолц го постигна најнискиот резултат во својата историја со 16 отсто.

Зелените, кои досега владееја во Хамбург како помал партнер со СПД, се надеваат дека победникот на изборите Шенчер повторно ќе ги покани во коалицијата.

Засега не е сосема јасно дали СПД ќе ја покани да формира влада и второрангираната ЦДУ, со која социјалдемократите преговараат и на сојузно ниво.

Тој рече дека приоритет е продолжувањето на социјалдемократско-зелената влада, но не исклучува ниту влада со ЦДУ како помал партнер.

СПД е на власт со Зелената партија од 2015 година, првично предводена од градоначалникот-премиер Олаф Шолц. Во споредба со СПД на федерално ниво, СПД во Хамбург е поотворена за претприемништво и ужива поддршка од економски силното пристаниште во северна Германија.

1,3 милиони гласачи во Хамбург, како што покажаа анкетите, се позадоволни од работата на СПД во оваа град-федерална држава отколку од работата на последната социјалдемократско-зелено-либерална влада на Олаф Шолц на федерално ниво.

АфД, која освои над 20 отсто од гласовите на федерално ниво, ги обвини „црвено-зелените медиуми“ за понискиот резултат од очекуваното во Хамбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот